Бијонсе и Џеј Зи позираа со децата, обожавателите се чудат: Ова е невозможно, кога пораснаа волку?

Бијонсе и Џеј Зи позираа со децата, обожавателите се чудат: Ова е невозможно, кога пораснаа волку?

Објавена во: Совети // Семејство

Фотографијата ја сподели долгогодишниот фризер на пејачката Нил Фаринах...

Сите кои ги следат Бијонсе и Џеј Зи знаат колку ретко може да се видат нивни семејни фотографии, па не е чудно што фотографијата привлече големо внимание.

Имено, на Инстаграм профилот The Shade Room  е објавена фотографија од познатото семејство.

На неа се Бијонсе и Џеј Зи со 9 - годишната Блу Ајви, но и 3 - годишните близнаци Руми и Сир, а истата ја сподели долгогодишниот фризер на пејачката, Нил Фаринах.

Обожавателите на познатата двојка веднаш забележаа дека нивната најстара ќерка многу брзо ќе ја достигне својата мајка во висина.

„Блу наското ќе биде повисока од Бијонсе“, „Ова е првпат да ги видам нивните деца“, „Невозможно, кога пораснаа волку?“, „Прекрасни сте, децата се навистина пораснати“, „Само не ги гледате нивните деца, што се чудите?“ - беа само некои од бројните коментари.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: