Бијонсе за прв пат настапи со ќерката и дефинитивно не го очекуваше ОВА: „Само чекај да се вратам дома“- цел СВЕТ зборува за нејзиниот потег!

Бијонсе за прв пат настапи со ќерката и дефинитивно не го очекуваше ОВА: „Само чекај да се вратам дома“- цел СВЕТ зборува за нејзиниот потег!

Објавена во: Stars // Музика

Реакцијата на познатата пејачка на танцувањето на малата Блу го обиколи светот

Поп дивата со години е една од најголемите ѕвезди на светската музичка сцена, а сега ни се чини дека веќе има наследник кој еден ден ќе ја замени.

Инаку познатата пејачка била поканета на отворањето на луксузниот хотел „Atlantis The Royal“ во Дубаи, за кој, според странските медиуми, добила дури 24 милиони долари, а тоа меѓу другото и бил прв настап по пауза од 4 години.


Сепак, највпечатлив дел од настапот беше кога со неа излезе нејзината ќерка Блу Ајви Картер, со која изведе песна од 2019 година за филмот „Lion King“.

„Каде е мојата кафена девојка? Поздравете го моето бебе, мојата кафена девојка, госпоѓица Блу Ајви Картнер", ја преставила Бијонсе својата ќерка.

Блу Ајви излезе на сцената во црвено кожено палто и веднаш почна да танцува. >Бијонсе погледна, и гестикулираше да ги „смири“ чекорите и се обиде да го прикрие тоа со галење по косата.

- Таа и порача да се смири поради тамошната култура. Беше во стилот „почекај да се вратиме дома“ – гласеше еден од коментарите на Инстаграм.

- Прашање за култура, но тоа требало да и го објасни пред настапот. Ја фати за коса и ја повлече да се смири - се надоврзал уште еден коментар.



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: