Били Ајлиш беше женски изведувач со најмногу следбеници на ТикТок: Но повеќе не, еве кој ја престигна

Били Ајлиш беше женски изведувач со најмногу следбеници на ТикТок: Но повеќе не, еве кој ја престигна

Објавена во: Stars // Музика

Били повеќе не е најпопуларна...

На сите социјални мрежи познатите „водат војна“ околу тоа кој ќе биде најпопуларен и кој ќе има најмногу следбеници. Со оглед на тоа дека ТикТок е главната апликација на која се приклучени сите, сите очи се вперени и во бројките на следбениците.

Сите познати личности се на ТикТок, се забавуваат, ни ги покажуваат своите мачки, ги збунуваат обожавателите и споделуваат исечоци од својот живот. Но, кој има најмногу следбеници? Кој има најзабавни видеа? Досега Били Ајлиш беше најследениот женски изведувач, што не е изненадувачки, бидејќи што се приклучи, сподели некои прилично чудни видеа и сите ја заследија, чекајќи што уште ќе направи. 

Но, сега с епојави некој друг, Селена Гомез, која го украде целото внимание. Овие денови ја престигна Били во бројот на следбеници и така со своите 33.6 милиони следбеници стана најследениот женски изведувач.

@selenagomez

wait for it... #perfectstrokes @rarebeauty

♬ I like you have a cupcakke - reibert

Били е на второто место, со 33.4 милиони. Причината зошто се случи тоа, најверојатно е тоа што Били не споделува често видеа и што веќе се поминати неколку месеци од нејзината последна објава. Иако сите ја сакаат Били, Селена редовно прави забава и поради тоа бројот на следбеници, брзо и порасна.

@selenagomez

My 73 year old grandfather had to prove a point

original sound - Selena Gomez

Двете се и понатаму далеку од тоа да станат најследени личности на ТикТок, бидејќи Чарли Ди Амелио и 124.1 милиони следбеници никој не може да ги достигне, а ни престигне. Дури ни Били и Селена.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: