Били Ајлиш е кралица на трансформациите: Обожавателите ги изненади со нова промена

Били Ајлиш е кралица на трансформациите: Обожавателите ги изненади со нова промена

Објавена во: Мода // Moj стил

Иако неодамна се приклучи кон русокосите, пејачката Били Ајлиш ги изненади своите обожаватели со драстичната промена во изгледот...

Сега, косата ја исфарба во темно кафена боја, но и дополнително ја скрати косата.

„Дали ви недостасував“ - напиша Били во описот на фотографијата.

Нејзината фотка за еден ден доби повеќе од 12 милиони лајкови, а под истата само се редеа реакциите од воодушевените обожавателите.

„Што?“, „О, мој Боже“, „Нема шанси“, „Ајде, многу добро изгледаш“, „Прекрасна“, „Ова изгледа предобро“, „Дали ова е вистина?“, „Те молам, дај уште фотографија“, „Во овој момент постои ти и светот околу тебе“, „Врескам“, „Омажи се за мене“ - гласеа дел од коментарите.

Били овој месец ќе го прослави 20-от роденден, а досега во текот на својата кариера промени неколку фризури, воглавно екстравагантни. Имаше зелени прамени, кратка сина, долга сина, црна и сива боја на коса.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: