Били Ајлиш и Тејлор Свифт издоминираа на доделувањето на Греми наградите: Бијонсе влезе во историјата
Со освоени 28 Греми награди во кариерата, Бијонсе стана уметник со најмногу освоени награди на сите времиња...
63 - тото доделува на Американските музички награди, Греми, се одржа ве неделата. Тревор Ноа беше домаќин на церемонијата од конгресниот центар во Лос Анџелес, веднаш спроти воодичаениот дом на доделувањето на наградите, Стејплс Центарот.
Како и кај останатите доделувања на награди одржани за време на пандемијата, ниту на оваа манифестација немаше публика, а присутни беа само одреден број на изведувачи и номинирани.
Помеѓу изведувачите се најдоа Бед Бани, Тејлор Свифт, Дуа Липа, Карди Би и Меган Ди Сталиот. Бијонсе водеше со девет номинации, а со освоените 28 Греми во кариерата, стана уметник со најмногу освоени признанија до Американската музичка академија.
Тејлор Свифт дома ја однесе една од најзачајните награди: за албум на годината - „folklore“, а Били Ајлиш и нејзината песна „Everything I Wanted“ ја добија наградата за музички запис на година.
Помеѓу останатите значајни добитници се најдЕ и Хари Стајлс, чија песна „Watermelon Sugar“ беше прогласена за поп песна.
Најдобар нов изведувач е Меган Ди Сталион, за надобар дует беше прогласена песната „Rain On Me“, која ја изведуваат Лејди Гага и Ариана Гранде, додека Дуа Липа ја однесе наградата за поп албум на годината.
Комплетната листа со добитници погледнете ја ТУКА.
фото: grammy