Били Ајлиш им одговори на хејтерите во свој стил: Доста ѝ е од прозивки

Били Ајлиш им одговори на хејтерите во свој стил: Доста ѝ е од прозивки

Објавена во: Stars // Музика

Удрија по младата пејачка зошто моментално се наоѓа во „флоп“ ера...

Били Ејлиш веќе неколку недели е мета на сите критичари - од прозивките за нејзините расистички изјави до фактот дека сите мислат дека е во нејзината „флоп ера“. Били стана ултра популарна како пејачка пред неколку години, но и како ѕвезда на социјалните мрежи. Но, дежурните хејтери сакаат да ја срушат поради фактот што веќе не е онаа стара Били.

Били Ејлиш е светски позната пејачка која се прослави со песната „Bad Guy“. Таа песна стана вирален хит низ целиот свет, и остана популарна до денес. Сепак, Били неодамна го смени имиџот и начинот на изведување музика, па луѓето како да почнаа да ја одбегнуваат. Фановите, како и хејтерите не се воодушевени од нејзините нови песни кои се малку поразлични од претходните - покрај тоа, тие ја сакаат старата Били. По сите обвинувања на социјалните мрежи, таа беше презаситена и реши да одговори на сите преку својот профил на „ТикТок“. Таа веќе еднаш се извини за нејзиното постаро видео што се појави на социјалните мрежи во кое ги „исмева“ азискиот акцент и култура, но овој пат беше малку поостра кога одговараше на хејтерите.

@billieeilish

literally all i see on this app… eat my dust my tits are bigger than yours

NDA - Billie Eilish

Били најверојатно се чувствува добро во нејзината кожа токму сега, па соодветно произведува посветла и попозитивна музика. Овој начин на игнорирање не е убав ниту од страна на хејтерите, но ни од поранешните фанови - важен факт е дека таа сега се чувствува подобро и го изразува тоа во форма на нејзините песни.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: