Били Ајлиш: Ја мразев самотијата, конечно можам да се поднесам самата себе

Били Ајлиш: Ја мразев самотијата, конечно можам да се поднесам самата себе

Објавена во: Stars // Музика

Изолацијата поради коронавирусот сите нас не научи на важна лекција - дека времето мораме да го поминуваме сами или доколку не сме сосема сами, тогаш тоа да биде без секојдневното гледање со пријателите и луѓето на кои можеби и премногу сме се навикнале. Били Ајлиш во карантин беше продуктивна и снимаше нови песни, а кон крајот на месец јули го објави и новиот сингл „my future“ за која зборуваше на Apple Music.

Били зборуваше колку е важно да се научи да се поминува времето во самотија, за што и зборува нејзината нова песна - за неа некогаш било голем предизвик. „Песната зборува за личниот развој. Колку сум порасната психички. Години и години поминував потпирајќи се на луѓето околу мене. Штом немав една личност, веднаш бев приморана да  најдам друга. Не зборувам за врските, туку мразев да сум си друштво самата на себе. Развојот во таа смисла ми беше неопходен, да сфатам дека се имам себе како поддршка. Да се биде сам помага да се чувствуваш моќно и многу да научиш и во тоа нема ништо лошо“ - зборуваше Били.

Били вели дека скоро никогаш не уживала како кога ја снимала „my future“: „Процесот беше чисто уживање. Песната ја снимавме два дена, тоа за нас е пребрзо. Дождот не престануваше, атмосферата беше феноменална. Тогаш го снимивме мојот вокал во подрумот на Финеас, а тоа навистина траеше, мене секогаш ми е тешко да одберам кој звук на крајот е најдобар“ - открива Били за самиот процес.

Постои уште една занимливост поврзана за песните на Били - сите се напишани со мали букви, без голема буква на почетокот. Се прашувате зошто? „Сите мои песни досега имале мали букви, мислам дека така ми изгледа поубави и помалку професионално, што е супер за мене. Но, мислам дека во некои од следните проекти ќе внесам и големи букви, ми се прават и регуларни работи“ - размислува таа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: