(ВИДЕО) Били Ајлиш ја претстави најновата песна: Со анимиран спот

(ВИДЕО) Били Ајлиш ја претстави најновата песна: Со анимиран спот

Објавена во: Stars // Музика

Трендот на анимирани видеа се повеќе е присутен во Холивуд, делумно како резултат на пандемијата на коронавирус и неможноста да снимаат видеа на кој било друг начин. Во претходниот период, анимирани верзии на музички спотови беа објавени и од уметници како Дуа Липа и The Weeknd.

Тaка и тинејџ ѕвездата Били Ајлиш ни ја претстави најновата песна „мојата иднина“ (my future), претставувајќи ја во јавноста со анимирано видео.

Бидејќи песната беше снимена за време на карантин, Били откри за „Епл музика“ дека песната била готова за само два дена.

„Создавањето беше толку задоволувачко. Напишавме песна за два дена. Кога станува збор за нас, тоа е нездраво брзо. Но, имавме совршени услови. Веќе еден месец сме во карантин и врне дожд “, рече таа со смеа и додаде:

„Вокалите ги снимивме во студиото на Финеас, кое е во подрумот на неговата куќа. Ми требаше подолго време да го снимам гласот како што сакав“.

Слушнете ја My future:


Родителите на Били Ајлиш: Сакавме да ја испратиме на лекување поради љубовта кон Џастин Бибер

Лејди Гага со понуда до Били Ајлиш: Сака да ѝ биде менторка на младата ѕвезда

Били Ајлиш ги отследи сите од Инстаграм: Моментално следи 0 луѓе - што се случува?

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: