Били Ајлиш ги отследи сите од Инстаграм: Моментално следи 0 луѓе - што се случува?
Пејачката отсекогаш изнаоѓа начини за да ги изненади сите...
Били Ајлиш секогаш има некој ас во ракавот кој што едвај чека да го извади и да ги зачуди своите обожаватели. Последниот објаснив потег кој сите се обидуваат да го сфатат го направи на Инстаграм. Имено, таа ги отследи апсолутно сите луѓе кои ги следеше на оваа социјална мрежа.
Зошто го направи тоа? Секако дека откри премногу. Обожавателите се збунети и ништо не им е јасно, но секако веќе започнаа да развиваат теории. Пред да го направи овој чекор, таа стави „стори“ на Инстаграм во кое напиша: „If I am following your abuser, DM me and I will unfollow them. I will support you“. Потоа, бројот на луѓе кои ги следи се сведе на 0.
Иако постот брзо беше избришан, некои направија „скриншот“ и го објавија на Твитер. Веднаш откако го стави тоа „стори“ некои обожаватели сфатија дека следи познати личности кои во минатото имале проблематично однесување, како што е на пример Крис Браун, кој дури неколку пати беше обвинет за насилно однесување и злоупотреба. За кратко го отследи Крис, но и сите останати.
По ова обожавателите останаа апсолутно збунети. Зошто ги отследи сите? Многумина беа уверени дека ова е нејзин начин за да ја искористи оваа платформа и популарност за активизмот кога се во прашање социјалните проблеми, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба, кои моментално се тема коа е многу популарна. Неодамна неколку познати личности беа обвинети за сексуална злоупотреба, како на пример Џастин Бибер, Кол Спроус и многу други. Обожавателите имаат теорија дека били со овој потег сака да покаже дека се бори против неправдите, за било кој социјален проблем. Колку потезите се поекстремни, толку би имале поголемо влијание.
Може да ве интересира:На Били Ајлиш ѝ се заканува забрана: Илјадници негативни коментари од Кина