На Били Ајлиш ѝ се заканува забрана: Илјадници негативни коментари од Кина

На Били Ајлиш ѝ се заканува забрана: Илјадници негативни коментари од Кина

Објавена во: Stars // Музика

Били Ајлиш се најде во многу незгодна ситуација, а сето тоа се случи откако одлучи да коментира за протестите во Хонг Конг. Тоа ја доведе незгодна ситуација, а оганот дополнително го разгоре нејзиниот брат Финеас, па не се изненадувачки илјадниците негативни коментари кои започнаа да доаѓаат од Кина.

Имено, Били ја даде својата поддршка за протестите во Хонг Конг, каде локалните жители се борат да ја задржат својата автономија во однос на централна Кина, која се обидува да примени сила. Пејачката исто така објави низа сториња на Инстаграм во кои ги фали протестите, па дури и сугерира дека оние кои го поддржуваат движењето Black Lives Matter би требало да учат од нив како да се изборат со полицијата. 

Сето ова предизвика страшен бес во Кина, бидејќи ова сите го сметаат за непријателски чин против својата земја, пишува Coconuts. Дека ова не е нешто безопасно, говори и фактот дека Кина веќе го забрани влезот на голем број ѕвезди и тоа поради нешто што на нас ни изгледа како ситница. На пример, Селена Гомез има забрана поради тоа што се сретнала со Далај Лама, а Кети Пери бидејќи на еден концерт го покажала знамето на Тибет, кој Кина го присвои во 20 - от век.

Малку подоцна се јави и братот на Били, Финеас кој исто така започна со приказната околу Хонг Конг, со тоа што тој прокоментира дека наводно и за време на протестите во Кина се ограбувало, но дека медиумите за тоа сепак не зборувале негативно, како за протестите во Америка. Тој исто така индиректно ја поддржа борбата против Кина, бидејќи на фотографијата која ја сподели пишува дека протестантите во Хонг Конг се борат против полициската бруталност и законот за екстрадиција на сопствените граѓани.

По притисокот на јавноста, Били и Финеас ги избришаа тие објави, а причината не е тешко да се пронајде - Кина е огромен музички пазар, па така дури и да има таму злосторства, ѕвездите ги премолчуваат. Сепак, на овој начин тие себе се претставија како дволични луѓе, кои ја поддржуваат борбата за човековите права само каде што на нив им одговара.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: