Били Ајлиш ја најави турнејата: Во Европа ќе има само 7 концерти
Пејачката реши да продолжи со подготовките за турнејата, која ја најави за во 2022 година...
Били Ајлиш конечно ги најави датумите на новата светска турнеја, која требаше да се одржи во 2020 година, но која поради коронавирусот ја имаше одложено.
Со оглед на тоа дека светот се враќа во нормала и пејачката реши да продолжи со подготовките за турнејата, која ја најави за во 2022 година.
„Повторно одам на турнеја, конечно! Happier Than Ever, The World Tour“ - напиша таа на социјалните мрежи.
Светската турнеја ќе ја започне на 3 февруари со концерт во Њу Орлеанс, а ќе ја заврши на 2 јули во Цирих.
Не сметајќи ги датумите во Велика Британија, кои го има 11 на број, Били во Европа ќе има само 7 концерти.
Првиот е во Амстердам на 18 јуни, ден подоцна оди за Франкфурт, а два дена потоа е во Келн. Во Париз ќе настапи на 22 јуни, а потоа на 28 во Антверпен. Во Берлин е на 30 јуни и 2 јули 2022 година ќе пее во Цирих.
UK & Europe: If you pre-order any copy of “Happier Than Ever” from Billie's webstore by 5pm local time on 5/25 (or have purchased previously), you will get a code to access the early pre-sale, which begins on 5/26 at 9am BST/10am CEST. On-sale begins 5/28. https://t.co/d35F5mmOjr pic.twitter.com/rfNX66wpTm
— billie eilish (@billieeilish) May 21, 2021
Билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 28 мај 2021 година.