Били Ајлиш објави дел од новата песна: Се знае и датумот на излегување на албумот

Били Ајлиш објави дел од новата песна: Се знае и датумот на излегување на албумот

Објавена во: Stars // Музика

Били Ајлиш неодамна изјави дека новата фризура означува почеток на нова музичка ера во нејзината кариера и не се шегуваше. Младата пејачка на Инстаграм сподели дел од новата песна, која веќе привлече големо внимание.

Во краткото видео можеме да ја видиме Били како седи на златна фотелја со грб свртена кон камерата, додека ги слушаме зборовите од текстот: „Кога сум далеку од тебе, посреќна сум од било кога“.

Инаку, Били новата музика ја најавува уште од декември минатата година, кога соопшти дека работи на албум, поради што ќе ја промени бојата на косата. Со оглед на тоа дека фризурата ја промени пред еден месец, оваа песна и не е некое големо изненадување.

„Мојот нов албум излегува на 30 јули. Ова ми е омилената работа што сум ја создала досега и сум многу нервозна и возбудена и едвај чекам да го слушнете. Никогаш не сум вложила повеќе љубов во еден проект“ - напиша младата пејачка на својот Инстаграм профил.



Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: