Били Ајлиш откри дека една песна секогаш ја растажува: Кога ја слуша седи во автомобилот и плаче

Били Ајлиш откри дека една песна секогаш ја растажува: Кога ја слуша седи во автомобилот и плаче

Објавена во: Stars // Музика

Иако песната всушност не звучи ниту тажно, ниту меланхолично, Били на неа рони солзи...

Во зависност од тоа што ти се случува во животот, музиката може да ти помогне да се чувствуваш подобро. Или да се чувствуваш полошо и да се исплачеш. Секогаш има само една песна што ќе го допре на болно место, а еве која е таа за Били.

Во вистински момент, ако ја пуштиш вистинската песна чиј текст изгледа дека ја раскажува приказната за твојот живот во тој момент, солзите сами ќе си дојдат. Во едно неодамнешното интервју, кое го даде со нејзиниот брат Финеас, Били Ајлиш откри кој бенд сакала да го слуша (и сè уште го сака), но и кој има песна што ја тера да си седи во автомобилот и само да плаче. Никогаш не би очекувале таа песна да биде „Mr. Brightside“ од The Killers.


Не е тажна песна за која некој би помислил дека некој би плачел додека ја слуша, а Били дури откри дека немала причина да биде тажна во нејзиниот живот во тоа време, но кога таа песна свирела, таа се распаѓача. Има музика и песни што само прават да се чувствуваш поразлично и посебно, како некој да те слуша. Били моментално работи на промовирање на документарецот што ќе излезе овој месец, 26 февруари, со наслов „The World's A Little Blurry“.


Тоа ќе биде можност за обожавателите да ѕирнат зад сцената. Ќе покаже како изгледало снимањето на албумот што ѝ го смени животот на Били и ја претвори во една од најпопуларните пејачки во светот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: