Били Ајлиш проговори за својот прв бакнеж: „Беше ужасен“
Првиот бакнеж е многу важна работа за многу момчиња и девојчиња. За него се сонува многу долго, а истиот се јавуваат и многу големи очекувања. Во глава се прават сценарија како од холивудските филмови, меѓутоа многумина често се разочаруваат.
Тоа и се случило и на Били Ајлиш која на фановите за време на еден концерт им открила како изгледал нејзиниот прв бакнеж. Момчето ја бакнало и потоа дало коментар кој ја уништил целата атмосфера, јавува Cosmopolitan.
Таа и Хенри Витфорд пред две години биле да „дејт“. Одлучиле да гледаат филм за кој Били кажала дека „најлош на сите времиња“, а по филмот заминале со автомобил да ги гледаат ѕвездите.
Хенри во еден момент ја бакнал и кажал: „Ова воопшто не беше магично како што го замислував“.
Тоа најверојатно ја уништило целата вибрација. Најинтересно е тоа што Били го следи на социјалните мрежи, а тој неа не.
Но, помеѓу нив нема напнатаност, а ни драма. Сепак тоа било тинејџерски бакнеж кој секогаш останува во сеќавањето.