Били Ајлиш со молба до сите: Не копајте по моето минато, срам ми е
Били Ајлиш на своја кожа почувствува што значи кога некој го прогонувате поради нешто што го изјавил или направил во минатото, а што во тој момент не го сметал за премногу навредливо. Па така, пејачката беше на мета на срамот, бидејќи пеела непристојни зборови во една песна и тогаш сфатила колку таквите работи ѝ пречат. Таа истакнува и дека ѝ е многу чудно што целиот свет сега може да ископа секако информации за неа.
„Интернетот открива секакви работи од минатото, а јас се прашувам дали тие луѓе разбираат колку ми е срам, поради работите кои ги имам правено во минатото?“ - кажа таа во интервју за австралискиот „Вог“. „Зарем не мислите на фактот дека и на вас ви е срам за раоти од минатото, и дека на истиот начин им е срам и на другите? Јас имам кажано многу работи со кои повеќе не се согласувам или мислам скроз различно. Чудно ми е како засекогаш сѐ останува на интернет. Секое интервју кое го имам дадено на 15 години е сѐ уште таму и на тоа мислам постојано“.
Били и самата во минатото ги навредувала и напаѓала луѓето кои не ги делеле нејзините уверувања. За жал сите се сеќаваме на неверојатната агресија која ја покажа кога на својот Инстаграм профил објави порака во која кажа дека сите луѓе кои се сештојади се мизерни и дека им недостасува половина мозок. Според нејзините зборови, единствени нормални се личностите кои не јадат месо, што навистина навредливо. Исто така, голем дел од научната заедница смета дека животот без месо е прилично лоша идеја, особено за млади личности.