Били Ајлиш стравува поради психопат: Побара судска забрана за човекот што ја прогонува

Били Ајлиш стравува поради психопат: Побара судска забрана за човекот што ја прогонува

Објавена во: Stars // Музика

Тој наводно неколку пати кампувал спроти нејзината куќа...

Тин ѕвездата Били Ајлиш, побара судска забрала за доближување за човекот по име Џон, пренесуваат американските медиуми.

Тој наводно кампувал спроти нејзината куќа, го следел секој нејзин чекор и ја прогонувал на социјалните мрежи.

Били наведе и дека добила бројни заканувачки пораки и вознемирувачки писма.

Пејачката изјави дека поради него стана анксиозна, како и дека стравува секој пат кога ќе мора да се врати или да излезе од дома. Исто така, вели дека стравува за безбедноста на своето семејство.

Патем, ова не е првпат, на обожавател на пејачката да му биде забрането да ѝ се приближува. На Пренел Русо му беше забрането да ѝ приоѓа на пејачката во јуни и не смее да се појавува во нејзина близина во следните 3 години. Тој се појави пред куќата на нејзините родителите во мај, прашувајќи дали пејачот живее таму.

Иако таткото на Били му кажал дека не живее таму и е на погрешна адреса, Пренел се врати истата вечер околу 21 часот и почнал да се однесува необично.

„Додека го чекавме обезбедувањето, господинот Русо остана на нашиот влез, седна пред вратата и читаше книга и од време на време имаше монолог“ - изјави Били на полицијата.

„Татко ми постојано го молеше да замине, но тој го одобиваше тоа.“

Овој обожавател наводно дошол во куќата на родителите на пејачот седум пати, без пропишана заштита за лице, ракавици, а тој не бил ниту на препорачаното растојание од 2 метри.

Според ТМЗ, Русо бил притворен двапати, но никогаш не завршил во затвор затоа што не бил насилен.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: