Били Ајлиш живее во страв поради прогонувач: Ѝ доаѓа пред домот

Били Ајлиш живее во страв поради прогонувач: Ѝ доаѓа пред домот

Објавена во: Совети // Семејство

Американската пејачка Били Ајлиш веќе неколку дена живее во страв поради полудените обожаватели. Се плаши за себе и своето семејство, бидејќи Пренел Русо секојдневно и доаѓа до куќата и не сака да замине. Пејачката најмногу се плаши од заразата коронавирус, бидејќи нејзиниот обожавател не носи ниту маска, а ни ракавици, пишува TMZ.

24 - годишниот Русо пред куќата на Били првпат се појавил минатиот понеделник. Ѕвонел на нејзината влезна врата, а кога нејзиниот татко го прашал што сака, Русо рекол:

„Мислам дека сум пред погрешна куќа, тука ли живее Били Ајлиш?“

Таткото на пејачката му одговорил дека се наоѓа пред погрешна куќа, но ниту тоа не го спречило да се врати. Повторно се вратил околу 21 часот и почнал необично да се однесува. Пејачката го објаснила случувањето:

„Додека го очекавме обезбедувањето, Русо дојде на нашиот влез, седна и почна да чита книга. Започна да изведува монолог, а кога мојот татко го замоли да замине, тој одби.“

Обезбедувањето го исфрлило, но тој повторно се вратил, легнал под ѕидот и се подготвувал таму да ја помине ноќта. Повторно се вратил следниот ден и се обидел да ја отвори влезната врата. Константно се враќал и не обрнувал внимание на предупредувањата. Вкупно дошол седум пати, а не носел ниту маска, ни ракавици. Токму тоа најмногу ја загрижило пејачката и нејзинито семејство, бидејќи ги допирал нивната врата и ѕвончето.

Полицијата двапати го има приведено прогонувачот, но набрзо го има ослободено. На пејачката и кажале дека тоа не е сериозно злосторство, па поради пандемијата не може долго да го држат во затвор. Иако го испратиле со автобус за Њујорк, каде што живее, пејачката се плаши дека би можел повторно да се врати.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: