Бисерните нокти сега се најновиот „beauty“ тренд: Идеални за секој ден, но и за посебни прилики
Манекенката и сопруга на пејачот Џастин Бибер, Хејли Бибер, на овогодинешната Мет Гала се појави со маникир кој неодоливо наликуваше на бисери, а сега таквиот маникир стана вистински тренд
Еден од најновите трендови кога станува збор за маникирот е ефектот на бисери на ноктите, со кој Хејли Бибер најпрво се пофали на овогодинешната Мет Гала, а сега сите останати го „копираат“ – од познати до „обични“ луѓе.
Како што пишува „Elite Daily“, овој маникир е минималистички и суптилен, но доста ефикасен, што го прави идеален за секој ден, но и за посебни прилики.
„Ваквите нокти се навистина едноставни и минималистички, но сепак ќе бидат едно од првите „нешта“ што сите ќе ги забележат кај вас“, изјави славната уметничка за нокти Зола Ганзоригт. Освен Хејли, овој тренд го следеше и актерката Ванеса Хаџинс, која заедно со својот маникир комбинираше бисерен накит и бел фустан.
Извор: joomboos.24sata.hr