Бизарна понуда: Џејк Пол нуди 30 милиони долари за Канје и Пит да влезат во боксерски ринг

Бизарна понуда: Џејк Пол нуди 30 милиони долари за Канје и Пит да влезат во боксерски ринг

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Раперот Канје Вест не може да се помири со фактот што неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан има ново момче и уште повеќе, бидејќи тоа го покажува јавно. Неговите изливи на омраза кон момчето на Ким, Пит Дејвидсон ги преплавија социјалните мрежи, па јутјуберот Џејк Пол предложи оваа „кавга“ да се реши еднаш засекогаш - со тоа што двајцата ќе се пресметаат во боксерски ринг.

Во последните шест месеци, колку што американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан е во врска со комичарот Пит Дејвидсон, нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест не може да се помири со тоа, а тоа го покажува на социјалните мрежи и преку спотовите за своите песни.

Еден од таквите спотови е оној за песната „Eazy“ во кој жив го закопува Пит Дејвидсон...


Однесувањето на Канје ги воодушеви сите љубители на драмата, па јутјуберот Џејк Пол на Пит и Канје им понуди по 30 милиони долари за да учествуваат во боксерски меч од шест рунди, пишува MIC.

„Гарантирам 30 милиони долари за Канје и 30 милиони долари за Пит... Ајде да го решиме овој спор како мажи, пред уште повеќе да почне да влијае на децата“ - напиша Џејк на Твитер.

Оваа објава не наиде на одобрување, па многу корисници на Твитер коментираа дека нема да им помогне на децата на Ким и Канје да гледаат како нивниот татко и момчето на нивната мајка се боксираат во рингот.

Што мислите вие за оваа бизарна понуда на познатиот јутјубер?


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: