Бизарната сцена на Мајкл Џексон со најмладин син која го шокираше светот: Ова момче денес има 19 години и е копија на татко му

Бизарната сцена на Мајкл Џексон со најмладин син која го шокираше светот: Ова момче денес има 19 години и е копија на татко му

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Биги, синот на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон, ретко се појавува во јавноста, но во понеделникот направи исклучок како гостин во емисијата „Добро утро Британија“.

Тинејџерот, кој се држи подалеку од центарот на вниманието по смртта на неговиот татко во 2009 година, дал интервју по повод забавата на неговиот брат Мајкл Џозеф Принс (24) за Ноќта на вештерките, која се одржала во нивната куќа во Калифорнија, со цел да се соберат средства за The Heal Los Angeles Foundation.

„Има многу историја во оваа куќа и студио. Тоа е сè што сакаше. Тоа е сè што секој од нас сака да направи - да направи работи во кои луѓето ќе можат да уживаат и што ќе им донесе одредена корист", рече тој младото момче, инаку тој е најмалото дете на Џексон. 

Биги, чие вистинско име е принцот Мајл Џексон Втори, имал 7 години кога починал неговиот татко, по што го одгледале неговата баба Кетрин, како и неговиот брат и сестра Парис (23). Моментално живее во куќа од 6.300 метри квадратни во Калабасас, Калифорнија, која ја купил минатата година, а се наоѓа во ексклузивна населба, каде што Џон Траволта и д-р Дре исто така имаат свој недвижен имот.

Шармантниот 19-годишник уште во 2012 година во документарниот филм „Jacksonology: Our Story“ изјави дека не планира да ги следи музичките стапки на својот татко. Денеска тренира боречки вештини и игра видео игри. 

„Понекогаш одев во собата на тато додека тој се подготвуваше за шоу и го гледав. Тој беше добар, многу добар танчер. Не можам да танцувам ниту да пеам. Не сум тип кој знае да пее и да танцува. Кога ќе пораснам сакам да бидам режисер, затоа што е забавно, а сега снимам кратки филмови кога сум дома со роднините и пријателите. Тато ми рече дека е добро да следам што сакам да правам“, рече тој еднаш.

Да потсетиме, Биги, неговиот брат и сестра беа деца, додека Мајкл беше жив, најчесто ги гледаше јавноста со маска на лицето, бидејќи пејачот сакаше нивниот идентитет да остане таен за да имаат нормално детство. 

Инаку, Џексон го доби третото дете на 21 февруари 2002 година, а роден е од сурогат мајка непозната за јавноста. Пејачот му го даде името Бланкет, а во 2017 година момчето призна дека со години минува низ врсничко насилство поради тој прекар.

Да потсетиме, Мајкл го покажа Биги на целиот свет кога го подигна високо над оградата на терасата на еден хотел во Берлин. Интересно е и тоа што тој е детето кое најмногу личи на Џексон по карактер, барем пред пластичните операции.


Фото: Профимедиа
Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: