Бизнисот го започна во мала гаража: Сега заработува милиони (ВИДЕО)
Овој средношколец е основач и извршен директор на “HoopSwagg“.
Бренан Аграноф (17) има сопствена компанија за чорапи. На 13-годишна возраст тој ја добил идејата, а денес овој средношколец ја откупува и компанијата што му е конкурент.
Бренан го сфати овој бизнис прилично сериозно, и за четири години, тој успеа да ја претвори идејата за дизајн на обични атлетски чорапи во профитабилен онлајн бизнис, со годишна заработка од околу 1 милион долари.
Се започнало во 2013 година кога Бренан за време на кошаркарски натпревар во училиштето забележал дека сите деца носат сини чорапи. Се прашувал што ќе се случи ако испечати дизајн на овие чорапи. Го проучувал пазарот, како и материјалите шест месеци, а потоа им ја претставил идејата на своите родители. Тие не биле претерано воодушевени, но сепак му позајмиле 3.000 американски долари, па момчето започнало бизнис во својата гаража.
Првата година, бизнисот одел пополека, но со помош на социјалните мрежи, сè отишло на подобро. Продажбата се зголемила, а компанијата се преселила во зграда каде се одвивало производство, складирање и опрема.
Неговата мајка исто така се приклучила на бизнисот, а денес има 17 луѓе кои работат со него. Продажбата повеќе не се прави само преку социјалните мрежи, туку и преку другите мрежни канали.
Желбата на овој тинејџер е неговите чорапи да се продаваат и во продавниците.
Бренан создаде 200 различни дизајни, а интересно е што клиентите можат да дизајнираат сами свои чорапи. Чорапите чинат 14,99 долари и фирмата има над стотина нарачки на ден.
Средношколецот исто така ја презема и фирмата на неговиот конкурент, „TheSockGame.com“, и со тоа го проширува својот бизнис.
Погледнете ги чорапите на Бренан: