BLACKPINK најавија онлајн концерт: Како можеш да го гледаш?

BLACKPINK најавија онлајн концерт: Како можеш да го гледаш?

Објавена во: Stars // Музика

Концертот под назив „The Show“ ќе биде прва можност за во живо да ги изведат песните од првиот албум...

Пандемијата на коронавирус ги спречи ѕвездите од целиот свет да ги промовираат новите проекти на веќе познатите начини, поради што сега почнаа да применуваат некои нови.

Имајќи го тоа предвид, девојките од групата BLACKPINK ќе одржат голем онлајн концерт на 28 декември во 6 часот наутро по наше време.

Концерот под назив „The Show“ ќе биде прва можност за во живо да ги изведат песните од првиот албум, кој го објави во октомври.

Целиот спектакл ќе се пренесува на Јутјуб, а картите уште сега се пуштени во продажба: Стандардните карти се 1.800 денари, додека цената на премиум картите е 2.400 денари и може да се купат ТУКА.

BLACKPINK имаа многу повеќе од успешна година, па сигурно ќе се сложите дека ова е вистинскиот начин да се заврши истата. Ќе го гледате ли концертот?


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: