Благодарејќи на Јутјуб 7 - годишно девојче го спасило животот на мајка си
Џесика Киндер од Велика Британија го гледала Grinch кога нејзината мајка Беки Грин добила напади. 7 - годишното девојче брзо ја извадило ситуацијата. Се сетило дека Јутјуб гледало итна постапка за враќање во живот, а запаметило и што мора да направи. Најпрво го полила лицето на мајка си со вода за да се „разбуди“, а потоа започнала со оживувањето.
Во исто време куцала на мобилниот и го искуцала бројот на прва помош. Кога нејзината мајка дошла при свест, била окружена со медицински персонал.
„Кога се разбудив медицинскиот персонал веќе беше овде, а моето девојче беше хистерично. Многу сум горда на неа, не можам да верувам колку беше храбра. Сигурно за неа ова беше многу стресно, но не ја изгуби главата и проба да ме спаси. Тоа е нешто неверојатно за дете од 7 години. Таа е мојот јунак. Има нешто посебно за неа за Божиќ“ - рече Беки откако се врати од болница каде што докторите и откриле дека има епилепсија.
„Ја прашав како знаела што треба да прави, а таа ми одговори дека еднаш видела на Јутјуб како некој го прави тоа. Не можев да верувам“ - додава оваа мајка, која покрај Џесика има и син од 10 години.
Нејзината ќерка во училиште добила награда за храброст и сега зборува дека еден ден сака да биде лекар или медицинска сестра, пишува Mirror.