Благодарна сум што ја имам во животот: Карлеуша ја објави емотивната писмена задача на Ника (ФОТО)
Ника во емотивниот текст покажала дека љубовта помеѓу мајката и ќерката е безусловна, и дека и во добро и во зло секогаш ќе биде покрај Јелена, која ѝ е најголем заштитник и херој...
Пејачката Јелена Карлеуша последните денови е многу активна на социјалните мрежи, а објавата со која посебно ги разнежни нејзините следбеници е составот кој нејзината помлада ќерка Ника го напишала на училиште.
Имено, нејзиното гостување во емисијата „Хит Твит“ предизвика големи реакции во јавноста, а покрај бројните објави во кои им одговараше, како што истакна, на хејтерите, објавата на Јелена од составот на Ника ги воодушеви корисниците на Инстаграм.
Карлеуша се пофали дека Ника во својата писмена задача по српски јазик напишала состав под наслов „Горда сум“, каде пишува за својата мајка, а за оваа писмена добила петка.
Ника со емотивниот текст покажа дека љубовта помеѓу мајката и ќерката е безусловна, и дека и во добро и во зло ќе биде покрај Јелена, која ѝ е најголем заштитник и херој.
Гордата наследничка на Јелена ги наведе причините поради кои нејзината мајка е посебна, па призна дека никогаш не запознала посилна личност.
„Горда сум на многу луѓе, но најмногу сум горда на својот херој, а тоа е мојата мајка. Благодарна сум што ја имам својта мајка во мојот живот. Таа е најголем херој кој го имам запознаено, секој ден ми подготвува појадок со највкусни специјалитети, ми ги купува работите кои најмногу ги сакам, станува поради мене во седум наутро за да ме подготви за на училиште. Горда сум на мојата мајка, посилна личност немам запознаено, работи по цел ден и никогаш не е уморна да ми направи вечера, да ми дава совети и да зборуваме со часови. Кога ќе пораснам сакам да бидам како мојата мајка, вешта, мудра, паметна, духовита и уште многу тоа. Исто сум горда на мајка ми затоа што е многу успешна во својата работа, горда сум на неа што има постигнато сѐ во животот. Те сакам мамо, секогаш ќе бидеш мој број еден во сѐ, ти си мојот херој и сите треба да земат пример од тоа“ - напиша Ника.
фото: Принтскрин / Инстаграм