Блескав, разигран и совршен за Нова година: Фустанот на Нина Бадриќ е единственото нешто што ви треба во декември и јануари
Ова е фустан кој може да го носи секоја жена, бидејќи не само што е елегантен и тренди, туку може и да ја преобликува фигурата
Пејачката Нина Бадриќ со години важи за една од најдобро облечените хрватски ѕвезди. Често имаме можност да ја видиме во различни стилови, кои се спој на класични и тренди парчиња, во зависност од приликата во која ги носи.
Се чини дека новогодишната еуфорија полека почна да се шири не само на социјалните мрежи, туку и меѓу познатите. Нина реши овој пат да ги израдува своите следбеници со прекрасна фотографија која го најавува нејзиниот нов настап во Љубљана.
Нина за таа прилика избра прекрасен бел фустан со големи бели апликации во форма на ливчиња, кои ја прекрија целата креација. Со секое движење блеска во различни бои давајќи посебен шарм во согласност со претстојните празници.
Овој малку драматичен фустан ги истакна нејзините нозе, а пределот околу половината го стави во сосема поинаков план. Затоа е идеален за оние жени кои сакаат донекаде да го сокријат вишокот на стомакот.
Многумина беа воодушевени од нејзиниот нов стајлинг, а многумина коментираа дека ова е фустан кој дефинитивно ќе ве направи ѕвезда на новогодишната ноќ.