Близначки од Балканот кои ќе ве фасцинираат: За 10 секунди можат да соберат и одземат дури 800 броеви

Близначки од Балканот кои ќе ве фасцинираат: За 10 секунди можат да соберат и одземат дури 800 броеви

Објавена во: School zone, Таленти

Без хартија, без калкулатор, едноставно гледајќи ги броевите на овие 11 - годишни близначки брзо ја решаваат секоја задача која е пред нив

Антеа и Маре Милета се единаесетгодишни близнаци од Шибеник кои не се баш обични девојки. Нивниот мозок може да ве фасцинира, затоа што го користат подобро од абакус. Тие се во состојба да соберат и одземат дури 800 броеви за само десет секунди.

Токму ова лето едната од нив стана светски шампион во неверојатната техника на брза пресметка - ментална аритметика. Бидејќи многумина на овие простори не се сигурни што значи ова, овие две девојки објаснуваат за еден момент. Без хартија, без калкулатор, едноставно гледајќи ги броевите, Анте и Маре со зачудувачка брзина ја решаваат секоја задача која ќе се најде пред нив.

Мозокот на Маре Милета работи најбрзо на светот, што се докажа на светскиот шампионат во ментална аритметика, одржан летово. Она во што Маре е ненадмината е „Анзан“, или двојното сметање. Додека бројките се менуваат во милисекунди, овие девојки успеваат да решат не само една, туку две пресметки. Едната хемисфера на мозокот решава една задача, другата друга, секоја од задачите содржи до 400 броеви. За близнаците доволно е помалку од едно трепкање на очите за да ги соберат и одземат сите броеви.

Како изгледа тоа може да погледнете во видеото во продолжение:



Инаку, во семејството Малета има четири деца и над 500 медали. Луција, Тома, Маре и Антеа се државни и регионални прваци во карате.


Објавена во: School zone, Таленти

Можеби ќе ве интересира: