Богдана го изненади Вељко за првата годишнина од брак: За оваа честитка сите зборуваат

Богдана го изненади Вељко за првата годишнина од брак: За оваа честитка сите зборуваат

Објавена во: Живот // Живот

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана денес ја прославуваат првата годишнина од брак...

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана денес ја прославуваат првата годишнина од брак, а по тој повод младиот спортист се пофали со емотивна честитка која синоќа ја доби од својата поубава половина.

Богдана Родиќ одлучи, како вистинска жена, на својот сопруг да му подготви вкусен оброк. Му подготви традиционално рижото со месо, а пораката која стоеше крај ова вкусно јадење ги воодушеви сите.

Бидејќи денес се навршува една година откако застанаа на „лудиот камен“, Богдана посака тоа да го одбележи на несекојдневен начин, па на својот драг маж му остави порака, која гласи:

„Извини што доцнам. Те сакам.“

Вељко веднаш се пофали на „Инстаграм“ колку добра и внимателна сопруга има, а честитките на првата годишнина не престанаа да пристигнуваат.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: