Боја на кармин која сите ја обожаваат: Трикови за совршено црвени усни

Боја на кармин која сите ја обожаваат: Трикови за совршено црвени усни

Објавена во: Мода // Moj стил

Класичниот црвен кармин на секоја девојка ќе и додаде доза самодоверба...

Истражувањата покажуваат дека мажите ги привлекува црвената боја, повеќе од било која друга. Употребете ја таа информација во своја корист и совршено нанесете го црвениот кармин, за да го воодушевите спротивниот пол.

Иако станува збор за најпопуларната и најженствената боја на кармин, девојќите често го избегнуваат црвениот кармин, бидејќи е малку тешко да се нанесе и одржи цела вечер. Во продолжение ти подаруваме неколку совети како да постигнеш совршено обликувани црвени усни.

# Истакнете ги или очите или усните

Ова е едно од основните правила кога е шминкањето во прашање. Доколку се одлучите да ставите црвен кармин, немојте дополнително да ги истакнувате очите - нека фокусот биде само на усните. На очите можете да нанесете малку неутрална сенка и маскара, а можете да ги исцртате и со текна линија туш.

# Изберете идеална нијанса

Вашата совршена црвена нијанса зависи од тоа дали вашата кожа има ладен или топол подтон. Доколку имате ладен, бирајте поладна црвена нијанса со примес на виолетова, а доколку имате потопол, идеалната нијанса за вас ќе биде топлата црвена која се граничи со портокаловата.

# Подгответе ги усните пред нанесувањето

Ова правило важи за сите бои на кармин, но особено за црвената, бидејќи испуканите усни се многу видливи доколку им нанесете црвен кармин. Решете се од сувите усни, така што ќе нанесете пилинг кој може да го направите од шеќер или едноставно истријте ги усните со четка за заби. Пилингот исто така ќе ги направите вашите усни пополни. Потоа нанесете балзам за усни, за да ги одржите меки и негувани. Бонус совет: пред нанесувањето на карминот, нанесете малку пудра на усните за да добиете неутрално платно на кое ќе го нанесете карминот.

# Задолжително користете моливче за усни

Моливчето за усни ќе ви биде најдобра алатка за постигнување на дефинирана линија на усните. Моливчето добро наострете го и внимателно исцртајте ги усните. Освен што помага во нанесувањето, моливчето исто така ќе создаде бариера помеѓу карминот од остатокот од кожата и ќе спречи разлевање на карминот. Внимавајте во изборот на бојата на моливчето - треба да биде многу слична со бојата на карминот за прелазот да биде незабележлив.

# Карминот нанесете го со четка 

Со четка обојте ги усните во внатрешноста на линија која ја направивте со моливчето. Нанесувањето на карминот со четка може да одземе повеќе време и трпение, но ќе имате помалку шанси за грешка. Освен тоа, со четката можете да го контролирате интензитетот на бојата на карминот.

# Коректор за крај

За да постигнете совршено дефинирана линија на усните, кожата околу усните внимателно исцртајте ја со коректор. На тој начин исто така ќе ги избршете грешките кои можеби сте ги направиле, а црвените усни ќе ви бидат уште повеќе истакнати.

# Внимавајте карминот да не ви се преслика на забите

Сите знаеме дека е многу неудобро кога девојката ќе се насмее и ќе и се види карминот на заби. За да ја избегнете таа можност, ставете марамица во устата и со неа избршете го вишокот кармин од внатрешната страна на усните и повеќе нема да мора да се грижите за насмевката.

Следете ги овие совети и ќе имате совршени црвени усни кои ќе издржат цела вечер.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: