Бојана Родиќ промени три венчаници на свадбата: Не се знае која од која е поубава (ФОТО)

Бојана Родиќ промени три венчаници на свадбата: Не се знае која од која е поубава (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Бојана Родиќ и Мирко Шијан си се заколнаа на вечна љубов на голема свадбена церемонија.

По црковната венчавка, Бојана Родиќ и Мирко Шијан отишле во ресторан каде пред матичарот се заколнале на вечна љубов, а потоа се одржала гала прослава која траела до доцна во ноќта.

За црковната венчавка се одлучила за луксузна венчаница со мали кристали, додека по граѓанската венчавка пред гостите се појавила во малку поинакво издание.

Бојана блесна во уште една венчаница во која до израз дојде нејзиното бујно деколте, а длабокиот шлиц и голите раменици направија нејзината венчаница да изгледа уште позаводливо.

Покрај венчаницата, Бојана ја промени и фризурата, па бујната коса ја стави во високо опавче, кое го украси со лента полна со големи бисери.

Видно весела невеста се појави пред гостите малку подоцна во ново издание - во тесна блескава сирена венчаница со длабок шлиц.

Воодушевените гости не престануваат да го коментираат изгледот на Бојана, тврдејќи дека „не знаат кој фустан и стои поубаво“!

Бојана е инаку сестра на Богдана, снаата на Цеца, додека Марко Шијан е син на српската пејачка Гоца.

извор:republika

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: