Бојата која ќе биде главен тренд оваа есен: Нијанса која секоја комбинација ја крева на едно повисоко ниво

Бојата која ќе биде главен тренд оваа есен: Нијанса која секоја комбинација ја крева на едно повисоко ниво

Објавена во: Мода // Must have

Виолетовата боја ќе биде „must have“ за оваа есен...

Новата сезона носи нови тонови и различни делови од облеката. Есента полека ја забележуваме на излозите, па полека можеме да видиме што ќе не чека.

Според она што можеме да го видиме, ќе се најдеме во смели бои на јакни, палта, панталони и други парчиња облека.

Ненадминливите класични костуми ќе станат главен моден тренд што ќе можеме да го носиме од утро до вечер. Се разбира, кроевите остануваат широки и удобни.

Модните дизајнери подготвија виолетови нијанси за есен. Очекувајте да ја видите оваа нежна виолетова боја на фустани, чанти, здолништа и кошули за есен.

Исто така ќе ја има и огнено црвената за храбрите и оние кои сакаат да се истакнат. Традиционалните топли есенски тонови ќе се прилагодат во новото светло. Ни доаѓа сребрена боја која ја немаше долго време.

Многу трендови од минатата година сè уште се присутни. Ако ги искомбинирате широките фармерки со светло виолетови нијанси, ќе добиете комбинација со која нема да погрешите.

фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: