Болна тема за семејството Ражнатовиќ: Анастасија проговори зoшто Цеца плачела на нејзиниот роденден
По роденденската прослава за роденденот на Анастасија, многумина се запрашаа што добила од нејзиното момче, фудбалерот.
Анастасија неодамна го прослави својот 24 роденден во еден познат ресторан во Белград. На роденденот се појавија многу познати личности, а она што најмногу привлече медиумско внимание е подарокот што го доби од Немања Гудељ.
Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна во јавноста изјави дека заплакала кога видела што добила нејзината ќерка на подарок од сегашното момче Немања Гудељ.
Многумина тогаш шпекулираа дека се работи за веренички прстен, но се покажа дека е нешто сосема друго.
-Сите сте виделе веќе, тоа е слика од мене и татко ми, навистина ме разнежни мене и мајка ми, што некаде е нормално затоа што е болна точка за нашето семејство, но прекрасен гест - искрена беше Анастасија.
Она што многумина ги интересираше е дали младиот пар наскоро би можел да стапне на „лудиот камен“, но Анастасија искрено објасни:
- Немам што да кажам, кратко сме заедно, не размислувам во таа насока, уживам во моментот како и во се во животот што правам.
Таа ја искоментира и атмосферата во ресторанот таа вечер:
- Беше фантастично, феноменално, една од подобрите забави во мојот живот, што се однесува до мојот роденден, свадбата на Вељко е се уште неприкосновена што се однесува до забавата, но за мене беше феноменално, сите си поминаа одлично и добив грст пораки следниот ден дека тоа била најдобрата забава досега - изјави Ражнатовиќ.
извор:GLOSSY