Борба по втор пат: Клои Кардашијан и нејзината ќерка позитивни на коронавирус

Борба по втор пат: Клои Кардашијан и нејзината ќерка позитивни на коронавирус

Објавена во: Совети // Семејство

И познатите луѓе водат борба со коронавирусот, исто како и обичните, а Клои Кардашијан е некој кој очигледно е подлежен на овој вирус кој веќе скоро две години го мачи целиот свет. Во нејзиниот живот има вечни немири, особено бидејќи постојано му се враќа на неверниот Тристан Томпсон, иако моментално не се заедно. Моментално ја мачи короната, но заедно со неа се бори и нејзината ќерка Тру.

Бидејќи вообичаено кланот Кардашијан - Џенер својот живот го споделуваат со јавноста, Клои се огласи на Твитер и ги извести своите следбеници за својата здравствена состојба, но и за состојбата на нејзиното семејство.

„Здраво луѓе, само сакам да ви јавам дека Тру и јас сме позитивни на Ковид. Многу обврски мораше да откажам поради тоа и навистина ми е жал што не можам да ги остварам. За среќа, вакцинирана сум, па така сè ќе биде во ред. Ќе останеме во карантин и ќе ги следиме советите“ - соопшти Клои. 

Клои и во 2020 година имаше Ковид, па призна дека неколку дена била во лоша состојба - таа инаку води битка со мигрената, но главоболките кои ги имала тогаш биле неподносливи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: