Божиќни џемпери се голем хит секоја години: 5 кои се сѐ, само грди не
Пред да започне празничното лудило, во продолжение ви предлагаме 5 џемпери што се сѐ, само не „ugly christmas sweather“!
Време на празничното лудило сѐ уште не е дојдено, но додека сите очекуваме не е грев доколку оваа година порано почнеме да го украсуваме домот. Освен украсувањето, дефинитивно мора да се присетиме на минатогодишните комбинации, но и да смислиме нови за оваа година.
„Ugly Christmas Sweather“ е фраза за било која форма на џемпер, која на себе има божиќни мотиви како светла, Дедо Мраз, Гринч, снешковци и слично. Многу луѓе ги осудуваат ваквите парчиња и ги презираат поради нивното шаренило, додека оние вистинските вљубеници на празниците едвај чекаат да дојде времето кога ќе ги облечат. Меѓутоа, генерализацијата на „грдите“ божиќни џемпери не е добра, бидејќи постојат модели кои не се грди, туку се слатки и симпатични.
Во продолжение погледнете кои 5 модели на џемпери ги класифициравме како кул и како вистински пренесувачи на одлична енергија за престојниот период: