Samsung Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+: Забава и продуктивност за секого
Искусете го неверојатниот нов свет на имерсивно гледање, непречен мултитаскинг и беспрекорна поврзаност на екосистемот
Samsung Electronics ја претстави својата нова серија таблети Galaxy Tab A9, која нуди прекрасно искуство на користење на таблетите на Samsung Galaxy. Достапна во две големини, серијата комбинира извонредно видео и аудио со хипер-брзо поврзување, поддржувајќи ги секојдневните потреби за забава и продуктивност во пренослив пакет. Galaxy Tab A9 и Galaxy Tab A9+ се пример за поврзан Galaxy екосистем, кои нудат истовремено користење на повеќе уреди, како и иновативни начини за корисниците и нивните најблиски безбедно да се движат низ дигиталниот свет.
„Ние веруваме дека секој заслужува можност да ги искуси најновите иновации во технологијата за таблети“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Со најновото издание на серијата Galaxy Tab A, на сите им овозможуваме одлична забава и продуктивен мултитаскинг низ целиот Galaxy екосистем“.
Дизајнирани за вистинско уживање при гледањето
Galaxy Tab A9 и Galaxy A9+ ги нудат најголемите екрани од кој било таблет од серијата Galaxy A досега, со димензии[i]од 8,7 и 11 инчи, соодветно, за севкупно уживање на корисниците во нивните омилени филмови, серии или игри.
Корисниците на Galaxy Tab A9+ можат да уживаат во кинематографските доживувања благодарение на стапката на освежување од 90 Hz – за гејминг или скролување без доцнење – како и во имерсивниот звук на звучниците Quad базирани на технологијата Dolby Atmos. Со хипер-брзото 5G поврзување[ii], не треба да се грижите за прекини во стримингот кога сте во движење. Galaxy Tab A9 има Dual звучници и LTE поврзување. Двата таблети имаат елегантен, тенок дизајн во еден дел, со мека задна футрола за лесно ракување.
Неверојатни перформанси
Galaxy Tab A9 и Galaxy A9+ обезбедуваат исклучителни перформанси и брзина што им овозможува на корисниците да постигнат повеќе. Поради најголемата меморија и простор за складирање во целата серија на Galaxy Tab A, има доволно простор за складирање и зачувување документи, извори на инспирација и друго.
Дизајниран да ја подобри продуктивноста и способноста за учење, Galaxy Tab A9+ ја има функцијата за мултитаскинг исто како на компјутер со Samsung DeX, а мулти-активниот прозорец овозможува дури три поделени екрани[iii]за да се максимизира можноста да се завршат повеќе работи одеднаш. Корисниците на серијата Galaxy Tab A сега можат да го снимаат својот екран благодарение на снимачот на екран[iv], така што сега е полесно да се вратите на одредени информации или инспирација подоцна.
Ваш Galaxy, ваш начин
Серијата Galaxy Tab A овозможува беспрекорно поврзување на уредите на Samsung Galaxy, така што корисниците можат лесно да преместуваат содржина помеѓу мобилни телефони, таблети и ТВ монитори. Со паликацијата Quick Share[v] се поедноставува споделувањето датотеки без спарување на уреди, така што корисниците можат да ја испраќаат својата омилена содржина помеѓу уредите.
Новата серија таблети Galaxy Tab A, исто така, ја гарантира безбедноста на податоците со Samsung Knox – наградуваната, повеќеслојна безбедносна платформа на Samsung. Контролната табла за безбедност и приватност им овозможува на корисниците лесно да гледаат и контролираат што се случува со нивните податоци. Со функцијата Private Share, содржината се шифрира пред да се сподели. Испраќачот може да постави дозволи за пристап, датуми на истекување на дозволите и сл., за да нема грижи кога испраќа чувствителни информации. Со безбедно Wi-Fi поврзување, корисниците можат да ги користат своите Galaxy Tab A9 или Galaxy A9+ кога се во движење, без да се грижат за ризично споделување низ интернет мрежите. Интернет сообраќајот е шифриран, а апликациите за следење се блокираат, така што пребарувањето е приватно и безбедно.
Таблетите станаа основен извор на забава и учење за децата, а Samsung Kids им помага на децата безбедно да се движат низ дигиталниот свет. Со едноставен процес на подесување, родителите можат да ги следат и контролираат дигиталните активности на децата, да пристапуваат до поставките, да креираат детски профили, да подесуваат време за игра и да ја следат содржината што ја консумираат децата. Исто така, Samsung Galaxy нуди едукативно-забавна содржина („Edutainment“) на уредот.[vi]
Достапност
Серијата таблети Galaxy Tab A9 ќе биде достапна во Северна Македонија од ноември. Серијата доаѓа во три префинети бои7: графитна, сребрена и темносина, по малопродажна цена од 9,999 МКД за Tab A9 и од 13,999 МКД за Tab A9+.8 Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата на Samsung.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com.
[i]Мерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab A9 е 8.7 инчи во полн правоаголникне вклучувајќи ги заоблените агли. Големината на екранот наGalaxy Tab A9+ е 11.0" инчи во полн правоаголникне вклучувајќи ги заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли.
[ii] 5G поврзување е поддржано само на Galaxy Tab A9+. Потребно е оптимално 5G поврзување. 5G услугите се поддржани само на локации со 5G мрежа. Вистинската брзина може да се разликува во зависност од земјата, операторот и корисничкото опкружување.
[iii] На Galaxy Tab A9 може да се прикажат до две апликации истовремено. На Galaxy Tab A9+ може да се прикажат до три апликации истовремено.
[iv] Функцијата за снимање екран е достапна на таблети со One UI 2 или понови. Сите екрани или апликации не дозволуваат апликации за снимање или фотографирање поради ограничувања како што се авторските права. Карактеристиката не е достапна кога истовремено се прави пресликување на екранот.
[v] Достапно на мобилни телефони/таблети на Galaxy со One UI 2.1 или понови верзии, како и на серијата Galaxy Book лансирани по 2020 година.
Бара ажурирање на апликациите Quick Share, Quick Share Connectivity и Quick Share Agent. Bluetooth Low Energy и Wi-Fi поврзување се неопходниза користење на апликацијата Quick Share use. Одредени апликации не поддржуваат Quick Share.
[vi] Услугата е достапна само на англиски, германски и француски јазик.
7Достапноста на бои може да варира во зависност од земјата или операторот.
8 Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира ниту влијае на продажните цени на своите продажни партнери. Продажните партнери на Samsung донесуваат сопствени, индивидуални и независни одлуки за цените.
Пр објава