Брат и сестра раздвоени скоро 30 години: Зарaди страв, им го одзеле правото на среќа
Колку вакви приказни има и овде, во Македонија?
Оваа е од сосетството, ни исто како да се случувала овде бидејќи ваквите животни стории ги има на нашите простори, ама од страв се молчи...Страв од минатото, страв од сегашноста, страв од љубовта, а жртви се децата...
Пред повеќе од 25 години, една жена тропна на вратата на семејството Нурковиќ од Сараево. Во рацете носеше мало девојче. Цврсто држејќи ја, таа изговори реченица што ќе ги промени животите на сите присутни наопаку: "Добро ден, госпоѓо. Не ми треба ништо од вас, само сакам да му кажам на вашиот сопруг дека има друго дете".
Четири години по таа средба, на неговата смртна постела - сопругот реши да да и признае на сопругата дека девојчето не е грешка и дека нивниот син Елдар има сестра.
„Јас сум детето што беше од другата страна на вратата“
- Татко ми беше професор на Економскиот факултет во Белград, а мајка ми е доктор. Во триесеттите години, татко ми дозна дека има рак, се лекуваше каде и да може во поранешна СФРЈ, а се обиде и во странство. Мајка ми секогаш патуваше со него на лекување, затоа најмногу ме воспитуваа бабите и дедовците. Кога веќе беше јасно дека тато умира, на нашата врата се појави жена. Имаше дете со неа. Таа му рекла на тато дека има ќерка за која не знаеше, но дека мислеше дека треба да ја види додека е жив. И си замина. Тоа беше шок и за него и за мајка ми. Кога имав четири години, татко ми почина, а со него и тајната. Мајка ми молчеше сè додека не станав возрасен - славниот фотограф од БиХ Елдар Нурковиќ ја раскажува својата филмска животна приказна за „Блиц“.
Малата Милена, тајниот плод на забранетата љубов
- Кога наполнив 18 години, мајка ми ми кажа дека имам полусестра и дека ако сакам да ја видам, може да ја барам. Се испостави дека сестра ми не беше плод на едноноќна забава, туку дете на вистинска љубов. Татко имал долготрајна врска од минатото, но тие биле од различни националности и родителите на девојката не ја одобрувале нивната врска. Беше забранета љубов и од почеток беше осудена на пропаст. Кога таа љубов се распаднала, татко ми се запозна со мајка ми и јас се родив - вели Елдар. Бесен што тие со години криеле дека имал сестра, младиот човек тргнал во потрага.
„Здраво, моето име е Елдар Нурковиќ, живеам во Сараево и постои можност дека јас сум твојот брат“
- Сакав да ја најдам. Немав многу информации кој би ме однесле до неа. Го знаев само името и презимето на старата љубов на татко ми. Од некои луѓе кои беа блиски со него, дознав дека таа е Србинка и дека живее во Мостар. Кога конечно стигнав на адресата, дознав дека тие отишле во Србија заради војната, а можеби и на друго место. Повторно бев на самиот почеток.
Сите тие години размислував како би сакала да ја најдам, да ја запознаам, да го исполнам тој огромен јаз во животот кој беше полн со некои загуби.
Сестра ми не знаеше дека постојам. Пребарував регистри, вртев многу телефонски броеви. Се обидов да дознаам какви било информации преку разни луѓе. Дознав дека нејзиното име е Милена. Размислував дека постои можност сестра ми да се омажила и да го сменила презимето. Веќе немаше шанси да ја пронајдам. Ја изгубив целата надеж. Потоа се појавија социјалните мрежи – раскажува Нурковиќ за тоа како поминала потрагата, што се чинела невозможна.
Се‘ додекане успеа.
- Ја барав на Фејсбук три години, без успех. За време на мојата трета година од пребарувањето, најдов неколку девојчиња со исто име. Испратив порака на секоја од тие девојки, која имаше исклучително необична содржина: „Здраво, моето име е Елдар Нурковиќ, јас живеам во Сараево и постои можност дека јас сум твојот брат“.
Некаде само имав „seen“, некои му рекоа дека сум луд. И тогаш пораката пристигна на вистинската адреса, Милена Добраш.
"Мамо, некој човек вели дека тој е мојот брат"
- Разни одговори добивав од оние девојки што ги прашав, но една конечно се чинеше дека може да биде сестра ми. Таа само го знаеше името и презимето на татко ми. Нејзината мајка и рекла дека нејзиниот татко починал многу млад, и тоа е сè. Кога пристигна мојата порака, таа ја повика мајка и и ја покажа пораката. После тоа, нејзината мајка истрчала и се заклучила во бањата. Таа не сакала да ја отвори вратата долго време, сè се претворило во шок. Кога ја отворила вратата, таа рекла: „Да, тоа е твојот брат“, на чиј одговор нејзината ќерка одговорила дека не може да верува дека ја крие вистината веќе 28 години, и покрај тоа што безброј пати и кажувала дека сака да има брат. Милена долго време не разговарала со нејзината мајка затоа што ја криела вистината од неа - вели Нурковиќ.
Речиси триесет години откако беа на двете страни на вратата - Елдар и Милена решија да се сретнат.
„Милена, не плачи те молам“
- Првата средба со сестра ми беше многу емотивна. Два дена откако прв пат се слушнавме еденсо друг, таа се качи во автобус во Бања Лука и дојде во Сараево. За прв пат се сретнавме на автобуската станица. Кога таа се симна од автобусот, ние веднаш се прегрнавме. Остана кај мене седум дена. Не се разделивме. Беше чудно чувство. Знаете дека имате некој што е твоја крв, и мора да направите сè од почеток, не знаете ништо за таа личност. Многу е чудно. Тешко ми е да покажам емоција, но таа повеќе плачеше. Ја гледав цело време и видов дека таа многу личи на мене и на татко ми. Движењата, приказната, ние сме доста слични. Едвај можам да опишам со зборови. Во контакт сме и се гледаме онолку колку што ни дозволува времето и се обидуваме да го надоместиме она што го пропуштивме, тој ја завршува својата животна.
Зарaди страв, им го одзеле правото на среќа
- Се уште ми е жал што тие ни го одзедоа времето. Ова се грешки што луѓето ги прават без размислување. Разговарав со мајката на сестра ми и таа беше убедена дека како дете од законски брак, од друга вера, никогаш нема да ја прифатам сестра ми. Од овие причини, таа не рече ништо 28 години. Таа ми рече дека од тој страв повторно би го сторила истото. Не е фер за мене ни сестра ми што така направиле. Да се бидеме еден без друг 28 години заради нивните себични ставови. Не е наша вина, вели Елдар.
Елдар стана вујко!
Во многу периоди на растењето, многу би ми значело да имав некој свој. Имајте сестра или брат, имајте некој со кого можете да споделите сè, да имате поддршка, да споделувате искуства. Немав никој близок до мене. Очигледно, никогаш не е доцна, сега имаме одлична врска, се слушаме редовно, преку насмевка ја раскажува приказната Нурковиќ кој стана вујко! Милена го роди малиот Константин и тој со воодушевување отиде да го пречека. Не само што се прифатија еден со друг, Елдар и Милена сега шетаат заедно со малиот Константин, нов живот и ново поглавје во нивната неверојатна семејна приказна.