Братот на Немања Гудељ во врска со преубавата мисица: Лана изгледа совршено, а само да знаете што студира
Драги Гудељ, братот на Немања Гудељ, не престанува да се фали со својата девојка на социјалните мрежи. Лала Лазаревиќ која минатата година беше прогласена за европски топ модел, веќе една година е во врска со шпанскиот фудбалер со српско потекло.
Инаку, оваа русокоса има 21 година, а моментално студира на престижниот Американски универзитет во Виена на насока меѓународни односи.
Таа е од Нови Сад, но средно училиште започнала во Соединетите Американски Држави, а завршила во Австрија.
За своето извајано тело, „виновен“ е џез балетот, кој го тренирала повеќе од десет години, а освоила повеќе од 50 награди.
Инаку, како што се шпекулираше пред неколку месеци, на убавината на Лана „паднал“ и популарниот рапер Војаж. Надводно, двајцата биле во емотивна врска, но оваа информација никогаш не ја потврди младиот рапер, но ниту пак ја демнатираше.
Фото: DragiGudelj/instagram