Браво: Четири храбри момчиња спасија 90-годишна соседка од запалена куќа

Браво: Четири храбри момчиња спасија 90-годишна соседка од запалена куќа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Четирите момчиња кои спасија 90-годишна соседка од запалена куќа ги освоија срцата на корисниците на социјалните мрежи.

Жителката на Оклахома, Кетрин Ричи, живеела во истиот дом во предградието Сапулпа во Тулса во последните 58 години. Но, сето тоа се промени пред три недели.

Таа била во бањата и се подготвувала за спиење кога одеднаш видела запалена полица над нејзиниот кревет.

Тогаш мирисот го почувствувале и четворица тинејџери на возраст од 14 до 17 години од соседството и надвор од продавницата.

„Мирисаше на запалена гума“, рече 16-годишниот Дилан Вик, „Потоа слушнавме како се вклучи алармот во куќата“.

Кетрин очајно се обидувала да го изгасне чадот, но конечно се откажала, повикала 911 и го притиснала копчето за итни случаи.

Поради чадот, старицата не можела да излезе од собата.

Таа рече дека чадот бил толку густ што не успеала да излезе од собата, по што случајно влегла во плакарот наместо во вратата за да излезе од собата. 

Додека се обидувала да ја напушти куќата, момчињата тргнале во акција, обидувајќи се да ја скршат вратата за да влезат внатре.

Четиринаесетгодишниот Ник Бирд ппоминл низ задната врата и иистрчл внатре, наоѓајќи ја Кетрин во ходникот со чад.

„Едноставно само ја слушнав, тргнав и ја видов. Ја грабнав и ја изнесов надвор“

Деталите можете да ги погледнете во видеото посдоле:


Секоја чест за овие млади храбри момчиња!


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: