БРЕД И АНЏЕЛИНА СЕ РАЗВЕДОА ПОРАДИ РАЗЛИКИТЕ ВО ВОСПИТУВАЊЕ: Колку односот на родителите влијае врз децата?
Во која мерка однесувањето на мајката и на таткото пред децата може да влијае на тоа какви личности ќе станат? Според српскиот психолог Ирина Радановиќ, односот на родителите подоцна ќе се рефлектира врз тоа како децата ќе се однесуваат со своите пријатели.
Од самото раѓање, на децата не влијаат само родителите, туку и постариот брат, сестра, бабите и дедовците и други значајни фигури во нивниот живот. Од најрана возраст, значајна улога за развој на децата има учењето по модел. Тоа подразбира детето да ги усвојува или да ги корегира формите на однесување на личноста која му е пример.
Примерот на Анџелина Џоли вели дека таа била многу либерална како родител, за разлика од Бред Пит кој бил построг. Во март во 2002 година, таа го посвои седумесечниот Медокс од Камбоџа, а три години подоцна и ќерката Захара. Кога се омажи за Бред Пит, и актерот стана родител на тие деца. Потоа Бред и Анџелина станаа родители на ќерката Шајло, па го посвоија Пакс. Две години подоцна, ги добија близнаците Нокс и Вивиен. Јавноста се шокираше кога дозна дека двојката се разведува, а како главна причина се наведува несогласувањето во воспитувањето на децата. Додека Бред се фокусирал на правилата и нивното почитување, Анџелина била многу либерална како родител. Затоа Бред често им повишувал тон на децата што на Анџелина многу ѝ пречело.
Срспскиот психолог вели дека многу лесто ќе се изненадиме кога од детето ќе слушнеме некоја реченица која ние сме ја изговориле. Тоа е веќе доволен знак родителите да станат свесни во која мерка се важни нивните постапки. Ако детето расте во средина во која викањето и навредите се вообичаени појави, веројатно е дека самото ќе ја применува таа форма на комуникација. Викањето и навредувањето не треба да бидат составен дел од семејното секојдневие. Овде секако не се мисли на моментите кога родителот ќе го повиши тонот ако сака нешто да му укаже на детето.
Затоа е многу важно како родителите се однесуваат спрема детето, едниот спрема другиот, како и со личностите со кои се среќаваат пред децата.