Бред Пит и Анџелина Џоли конечно на иста страна: Ја поддржаа важната одлука во животот на ќерката Шајло

Бред Пит и Анџелина Џоли конечно на иста страна: Ја поддржаа важната одлука во животот на ќерката Шајло

Објавена во: Совети // Семејство

Шајло го промени името во Џон Џоли Пит...

Најстарата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло и е посебно интересна на јавноста поради своите одлуки, кои самостојно ги донесува иако има само 15 години.

Бред за воспитувањето на Шајло Пит, првпат проговори во 2008 година кај Опра Винфри кога откри дека ѝ се обраќаат со машко име, додека Анџелина за сето ова се изјасни две години подоцна, порачувајќи дека сето тоа започнало кога девојчето имало само три години.

„Таа сака да биде момче, поради тоа ја шишаме како момче. Сака да носи машка облека и да мисли дека е една од браќата.“ - рече тогаш Анџелина која во потполност ја поддржа одлуката на ќерката за да го промени полот. Познато е дека нејзината ќерка и официјално го променила името во февруари оваа година и сега се вика Џон. А, странските медиуми наведуваат дека сега се е подготвено и за операција за промена на полот.

„Џон ќе оди на операција кон средината на следната година, ако се оди според планот. Многу се радува и едвај чека да стане момче. Анџелина е многу внимателна и ги поминува сите овие моменти со неа“ - кажа изворот за американските медиуми.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: