Бред Пит ѝ нанел модринки на Анџелина Џоли: Објавени се фотографиите од ФБИ извештајот

Бред Пит ѝ нанел модринки на Анџелина Џоли: Објавени се фотографиите од ФБИ извештајот

Објавена во: Совети // Семејство

Црно-белите фотографии, кои се вклучени во извештајот на ФБИ, покажуваат модринки на раката и лактот на Анџелина Џоли

Странскиот медиум „Page six“ објави фотографии од модринките на Анџелина Џоли (47), кои наводно ги добила при физичка пресметка со поранешниот сопруг Бред Пит (58) во нивниот приватен авион во 2016 година. 

Актерката ги дала фотографиите на ФБИ, а на нив се гледаат модринки на раката и лактот.

ЛИНК до останатите објавени фотографии од Page Six

Анџелина тврди дека за време на тој лет Пит ја однел во тоалетот во авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал дека им го уништува семејството, се вели во извештајот на ФБИ. Пит, пак, ги негира сите тврдења на поранешната сопруга.

За време на тој лет, Пит изгледал како да ќе го нападне својот син, па Анџелина скокнала да го брани. Таа го фатила за вратот одзади за да го задржи, а тој го фрлил телото наназад, поради што Анџелина удрила во столовите зад нив. Актерката тврди дека поради тоа се здобила со повреди на грбот и лактот, како и рана која личи на изгореница на раката.

Црно-белите фотографии, кои беа вклучени во извештајот на ФБИ, покажуваат модринки на раката и лактот на Анџелина.

Анџелина тврди дека Пит цело лето се однесувал чудно, постојано им викал на децата. Целото семејство било шокирано од неговото однесување.

-Бев премрзната и исплашена, не знаев што да правам, изјавила актерката.

Анџелина Џоли рече дека уште е тензична ситуација меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг, додавајќи дека постапките на Пит во приватен авион во 2016 година направиле да се чувствува како заложник, открива извештајот на ФБИ. Пит, пак, од инцидентот се здобил само со гребнатинка, за која актерката тврди дека може да е од неа.

извор:b92

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: