Бремената Хана Хуљиќ се појави на ТВ: Се надевам дека наскоро ќе можам да излезам од дома без луѓето да ги вадат мобилните
Бремената Хана Хуљиќ гостуваше во емисијата „Код нас дома“, на ХРТ. Сопругата на Петар Грашо проговори за работата, но и за односот со родителите. Таа посочи дека нејзините родители кон неа не се попустливи како соработници.
„Секогаш на својот дома можеш да му кажеш нешто што на некој од пристојност нема. Но, токму поради тоа што кај нас дома нема „целофан“, сѐ излегува надојбро.“
Хана исто така посочи дека никој не ја натерал да се занимава со музика, туку дека самата го одлучила тоа. Посочи дека не е личност која се занимава со туѓите животи и дека ја фасцинира тоа што другите луѓе се интересираат за живототите на останатите. Спомена и дека се надева дека наскоро ќе може на мир да излезе од дома, без луѓето да ја снимаат со мобилните телефони.