Бресквица се згрози од настапот на Ирска: „Сакав да молчам, но не можам. Што е ова?“ – А потоа следеа критики на нејзина сметка
Бресквица кој беше една од фаворитите да замине на овогодинешната Евровизија, на Инстаграм откри дека ги следела настапите. Од сите кои влегоа во полуфиналето, најголема критика упати кон претсавниците на Ирска. На српската пејачка и пречеше настапот, па се пожали на својот Инстаграм профил.
„Сакав да молчам, но не можам. Што е ова по ѓаволите? Дали луѓето веќе не се нормални?, беше коментарот на Бресквица по што следеа низа на „напади“ од страна на твитерџиите.
„Секој ден се повеќе покажува колку е љубоморна“, „Бресквица повторно е неверојатно глупава“, „И таа е иста, има таква тетоважа“ беа само дел од коментарите на твитерџиите.
Инаку, Bambie Thug предизвика многу реакции кај гледачите ширум Европа. Небинарна личност од Ирска успеа да влезе во финалето на Евровизија, а додека некои се воодушевени од нејзиниот настап, други веруваат дека таа на сцената изведувала сатански обред.
with every passing day it's more and more satisfying knowing breskvica is still bitter
— (@ImStevan) May 8, 2024
"I wanted to stay silent but I can't. What the hell is this? Are people just not normal anymore?" pic.twitter.com/95NKNI3Ek7