Бресквица веќе размислува да се пријави на „Песна за Евровизија“: Откри што ѝ е неостварена желба
Пејачката откри и што мисли за овогодинешниот претставник на Србија...
Анѓела Игњатовиќ Бресквица е миленичката на младата популарција, а секој нејзин сингл може да се најде во трендинг листата на Јутјуб. Поради бројните настапи, но и селењето, не успеала да се пријави на натпреварувањето „Песна за Евровизија“, но посочи дека со задоволство би го направила тоа следната година.
Помеѓу останатото, таа го даде и своето мислење за Лук Блек, овогодинешниот претставник на Србија на Евровизија.
„За жал не успеав да го проследам изборот како што треба, бидејќи имав настапи и не бев во Белград, но подоцна ги гледав случувањата на ТикТок и навистина сите беа добри. Мислам дека Лук Блек со причина е избран да биде претставник на Србија. Ми се допадна“ - кажа Бресквица и додаде дека следната година со задоволство би била учесник на изборот.
„Секако дека би се пријавила. Многу ми е криво што не успеав оваа година да се пријавам на „Песна за Евровизија“, бидејќи не подготвив песна на време, но се надевам дека за следната година ќе оставам време за такво нешто. Би било паметно уште сега да почнам со подготовките“ - додаде пејачката.
Освен музиката, Бресквица откри дека има уште една страст и тоа кон автомобилите, и дека има голема желба да има сервис за автомобили.
„Сервисот за автомобили е моја неостварена желба. Од мала ги сакам автомобилите и моторите, а тоа е моја љубов, секако покрај музиката“ - откри Бресквица за „Гранд“.
фото: Принтскрин / Инстаграм