Британија пред донесување на нов закон: Познатите ќе мора да откријат кои фотки им се фотошопирани

Британија пред донесување на нов закон: Познатите ќе мора да откријат кои фотки им се фотошопирани

Објавена во: Мода // Moj стил

Една британска ѕвезда ги фотошопира и фотографиите од детството...

Изгледа дека обработувањето на фотографиите на социјалните мрежи отиде предалеку: што е вистина, а што реалност повеќе никој не знае, а тоа најмногу влијае на психата на младите, кои поведени од „совршенството“ на интернет, истото го бараат и во приватниот живот - иако таква нешто не постои.

Поради тоа, парламентарците во Велика Британија сакаат да им забранат на ѕвездите тајно обработување на фотографиите во фотошоп со цел променување на својот изглед, а потоа да ги споделат на социјалните мрежи.

Претставникот на конзервативната партија во британскиот парламент, Лук Еванс го претстави предлог законот, според кој секоја позната личност би била приморана да ги одбележи фотографиите кои дигитално ги обработува.

Еванс, кој е и член на одборот за здравствена и социјална грижа, вели дека обработените фотографии на социјалните мрежи „потпалуваат ментална здравствена криза“ и создаваат „убавина“, пренесоа британските медиуми.

Политичарот, како пример го наведе ваквото однесување на ѕвездите на социјалните мрежи, а покажа и фотографии од британската ријалити ѕвезда Лорен Гудгер, која на фотошоп ги намалува колковите.

Таа минатиот месец беше обвинета и дека фотошопирала фотографија до детството, на која е со нејзиниот татко. Иако го демантираше ова, јавноста за кратко ја пронајде оригиналната фотографија, кој е објавена уште во 2013 година.

Може да ве интересира:

Фотошопот е чудо: Објавено е како навистина изгледа и сите се во шок

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: