Британскиот пејач стави крај на тишината за наводната афера со Меган Маркл: Ова е вистината!

Британскиот пејач стави крај на тишината за наводната афера со Меган Маркл: Ова е вистината!

Објавена во: Живот // Живот

Британскиот пејач и актер стави точка на гласините...

Британскиот пејач и актер Макс Џорџ ја прекина повеќегодишната тишина за наводната љубовна афера со Меган Маркл, за која се шпекулираше кога поранешната актерка стави точка на својот прв брак со Тревор Енгелсон, пренеусваат странските медиуми.

Имено, иако е моментално во среќна врска со ријалити ѕвездата Стејси Гигс, минатата година во медиумите се појавија информации дека по крајот на двегодишниот брак во 2013 година со филмскиот продуцент, Меган по секоја цена сакала следен партнер да и биде Британец и дека наводно на пејачот му исраќала пораки на Твитер.

„Не знам од каде е тоа. Прочитав нешто за време на викендот, но прочитав и дека барала Англичанец. Не знам зошто ѝ го прават ова. Од моја страна немаше ништо“ - рече поранешниот член на бендот „The Wanted“ во текот на гостувањето во утринската програма кај Филип Шофилд и Холи Вилоуби.

Да потсетиме, поранешната актерка во тоа време, преку заеднички пријатели, била на состанок со принцот Хари. Парот набрзо ја потврди врската, а во 2018 година го изговори судбоносното „да“. Минатата година го добија синот Арчи, а од оваа година живеат во Америка откако се откажаа од кралските должности.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: