Британските лекари тврдат дека коронавирусот кај децата не е безопасен: Може да ја предизвика оваа опасна состојба
Лекарите во Велика Британија соопштија дека ја истражуваат ретката, но опасна реакција кај децата која може да биде поврзана со инфекцијата коронавирус.
Во предупредувањето е наведено дека последните неколку недели на одделенијата за интензивна нега во Лондон и другите делови од земјата се лекувани деца со „мултисистемска возпалена состојба“, која наликува на сидромот на токсичен шок или сепса, пренесува Би-Би-Си.
Овие млади пациенти од различна возраст имале гастроинтестинални симптоми - болка во стомакот, повраќање или пролив, како и воспаление на срцевиот мускул, а резултатите од анализаната на крвта биле надвор од нормалата.
Група лекари во северен Лондон истакнуваат дека ваквите случаи се итни и дека треба да се третираат како такви. Не е познато кај колку деца се појавил ваков облик на болест, иако е најверојатно мал.
Некои од децата кои ги имале овие симптоми се позитивни на коронавирусот, а други не се.
Лекарите наведуваат дека расте загриженоста дека кај децата во Велика Британија може да се појави синдром на воспаление поврзан со короната, но додаваат дека постои и можност дека можеби постои уште некоја, засега неидентификувана инфекција поврзана со таквата состојба кај децата.
Извор: телеграф.рс