Во несреќа 7 деца останале без родителите: Она што го направила оваа двојка за нив ја разнежни цела планета (ВИДЕО)

Во несреќа 7 деца останале без родителите: Она што го направила оваа двојка за нив ја разнежни цела планета (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

„Кога на Фејсбук ја видов приказната за седумте браќа и сестри на кои родителите им настрадале, знаев што морам да на правам“ - изјави мајката посвоител.

Пем Вилис скролајќи на Фејсбук ја видела тажната приказна за седумте дечиња, кои ги загубиле родителите во сообраќајна несреќа. Пем и нејзиниот сопруг Хери имаат пет биолошки деца, но нешто во оваа приказна не им давало мир. Го означила својот сопруг на објавата, но не знаела како тој ќе реагира.

„Мислев дека ќе ми каже дека сум луда, бевме пред пензија. Но, тогаш сфатив дека и тој се чувствува исто. Не можам да објаснам што ми поминуваше низ глава, само знам дека нешто ме викаше да бидам мајка на овие дечиња“ - кажа таа за американските медиуми.

Во тоа време, децата биле на возраст од една до 12 години и веќе една година биле во хранителско семејство. Пем и Гери ја започнале процедурата за стапување во контакт со надлежните за да ги посвојат сите 7 деца.

Денес, гордо можат да кажат дека се и официјално посвоители на децата - Аделино (15), Руби (13), Алиша (9), Ентони (8), Обријела (7), Лео (5) и Ксандер (4) и пред законот станале членови на нивниото семејство. Планот на семејството Вилис било пореметено минатата година поради пандемијата на коронавирус, поради која целата процедура била одложена.

Минатиот август, судот донел одлука Вилисови да можат да ги посвојат децата и оваа приказна го заобиколи светот.

„Не ни беше лесно, особено беше тешко да се поврземе со постарите деца, кои искусиле бројни трауми. Руби навечер влегуваше во нашата соба, ја прашувавме дали сонувала нешто лошо, а таа ни велеше - не, само сакав да се уверам дека сте уште тука“ - ракажа Пем.

Ова семејство, кое има вкупно 12 деца и кои неодамна го добија и осмото внуче, својата необична приказна ја споделија на Инстаграм профилот @second.chance.7


фото: Инстаграм / Принтскрин

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: