Британското кралско семејство со посебно барање до Нетфликс: Потврдете дека серијата „Круна“ е фикција

Британското кралско семејство со посебно барање до Нетфликс: Потврдете дека серијата „Круна“ е фикција

Објавена во: Живот // Живот

Ги обвинуваат авторите дека серијата пропагира „отворена републиканска агенда“...

Серијата „Круна“ на Нетфликс, односно хронологијата на историјата на британското кралско семејство, е толку популарна колку што е и контроверзна. Но сега, со воведување на ликот на покојната принцеза Дајана во новата четврта сезона, британскиот секретар за култура, Оливер Дауден, бара „повторно да се потврди дека серијата е фиктивна, отколку што е историски точна“, пишува Decider.

Серијата често е критизирана поради невниманието околу историските детали. Ова се случува од причина што авторите се трудат да го направат подраматично целото сценарио, а воедно да останат доследни на вистинитите настани. Сега кога Ема Корин и се придружи на екипата за да ја претстави принцезата Дајана, „скандалозниот аспект“ на серијата, изгледа, ќе биде тема за зборовување.

Посебно, приказот на аферата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс донесе голема количина на грижи за јавниот имиџ на принцот. Од таа причина, секретарот за култура Оливен Дауден неодамна еве што изјави за „Дејли Мејл“:

„Ова е преубаво продукцирана фиктивна рбаота. Нетфликс од почетокот требаше да биде многу јасен дека серијата е токму тоа. Покрај тоа, се плашам дека генерацијата на гледачи, кои не живееле во тие времиња, поглешно ќе протумачат и ќе помислат дека фикцијата е вистина.“

Тој додаде дека Нетфликс би требало да додаде предупредување за да се избегне штетата на сметка на принцот Чарлс. Дури и извор близок на принцот ја обвини оваа стриминг платформа дека „пропагира отворена републиканска агенда“:

„Сосема е јасно дека (сценаристот Питер) Морган ја користи забавата за пропагира многу отворена републиканска агенда, а луѓето, едноставно не го забележуваат тоа. Толку се навлекоа на серијата, што не гледаат колку се изманипулирани. Ова е многу високо софистицирана пропаганда.“

Дури и Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дајана, не е премногу задоволен од приказот на Нетфликс. Одби дека делови од четвртата сезона се снимени во семејната куќа на Спенсер во Нортамптоншир. Неодамна изјави дека и „Американците воглавно мислат дека „Круна“ е заснована на факти“ и дека повеќе нема да ѝ пружат поддршка на серија сега кога Дајана е главниот актер.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: