Животната приказна на Сара: На 18 години имав мозочен удар, кој ми го промени животот!
Сара Поповиќ, 22 годишна девојка која е од мало село покрај Осјек, Хрватска, пред три години доживеала два мозочни удари. Првиот и бил на 18 години, а вториот неколку дена по прославувањето на 19 - от роденден. По првиот удар, освен декубитус на главата, немала сериозни последици, но вториот привремено за „врзал“ за кревет, инвалидска количка, а потоа штаки и бастум. Оттогаш поминале неколку години и Сара конечно почнува да оди сама во продавница, без ничија помош. Ова е нејзината приказна.
„Беше сабота, 16 јануари 2016. Иако беше викенд, во училиште надополнувавме неколку изгубени часови. По училиште со родителите заминав на пазарување. Тогаш ме заболе главата, а поради тоа каква сум, веднаш со мојот хумор се пошегував „Зарем мене Бог повторно ми вели добра ноќ?“. Се сеќавам на анегдотата од продавницата кога моите ме прашаа дали сакам да купат какао, на што им реков дека не ми треба бидејќи нема да го користам. Бев сосема збунета.
Кога се вративме дома и понатаму ме болеше главата, па набрзина се напив јогурт за да се напијам таблета. Во тој момент се затрчав во тоалетот и повратив се. Тогаш добив таква болка што легнав на кревет, ја кубев косата и претав со нозете. Тука изгубив свест и повеќе на ништо не се сеќавам. Успеав само во некој момент да го подигнам палецот за да и кажам на мајка ми дека слушам.
Моите беа изгубени. Не сум давала знак на свесност, а најлошо било тоа што докторот претпоставувал дека станува збор за алкохол, дрога. Компјутерот ги покажал најлошите сомнежи, огромно крварење во мозокот. Кога се разбудив по првиот удар бев преплашена. Но, некако преживеав се' со помош на мајка ми, очувот, цимерите од болницата. А мојот очув, иако не ми е биолошки татко, во најтешките моменти се покажа како најголем татко на светот. И тогаш, само што почнав да се опоравувам, се случи и вториот удар.
Излегов од болница, го прославив 19 -от роденден, пребарував за операцијата и тогаш дојде тој 15 јули 2016. Руптурата на остатокот од јадрата во мозокот засекогаш ми го промени животот. И пред ударот чувствував дека левата страна од телето не ме „слуша“, но поради стравот од враќањето во болница не кажав на никој освен на тогашното момче. Денес ми е жал што не го направив тоа. По вториот удар не можев да станам од кревет, освен со помош на физиотерапевт. Но, персоналот од болницата ми помогна да преживеам се' низ смеење.
Повторно се вратив дома. Се беше исто, стариот дом, се познато, но непознато. Бидејќи се врати новата јас. Беше тешко. Повторно се учев да седам, одам, облекувам, барам помош кога ми треба. Деновите ги поминував на кревет, бидејќи левата нога не ми функционираше. Мајка ми и пријателите ме носеа на прошетки. Беше тешко не само физички, туку и психички. За се' ми требаше помош, зависев од другите, а тоа ми беше шок бидејќи бев навикната да бидам независна. Но, кога полека почнав да доаѓам при себе, првата цел ми беше да станам од количката. Тоа беа моменти на болка, среќа, тага, радост, многу емоции. Сакав се', а не можев.
Минатата година бев на рехабилитација во Дубровник. Беше напорно, но прекрасно искуство, многу ми помогна. По рефабилитацијата го фрлив и бастумот и сега конечно одам сама. Раката ми е поопуштена, вежбам... Секако, мојата рехабилитација ќе трае цел живот, но освен тоа што во Дубровник ми помогнаа физички, ми помогнаа и психички. Денес сум многу подобро. Бев на операција на почетокот на годината, главата ми е затворена, повторно ми е цела и немам ни толку често главоболки и вртоглавици. Знам дека ништо не може да помине преку ноќ, па затоа секојдневно вежбам и се трудам да оздравам.
Психички сето ова ми беше пренапорно. Тоа е вистина. Иако покрај себе имав прекрасно семејство, се чувствував осамено, изневерено, збунето. И ден денес знам да бидам депресивна, бидејќи оваа болест сепак од темел промени се'. Ни реакциите на моите врсници не помогнаа. Иако пријателите на почекот беа со мене, се распадна се' бидејќи секој си оди на своја страна. Тие напред, а јас бев на исто место. И тоа најмногу ме здоболе, што не можев да имам пријатели со кои би ги делела своите добри и лоши денови. Сепак, секогаш покрај себе ги имам мајка ми и очувот. Тие ми се голема поддршка. Исто така водам и Фејсбук страница „Ние сме млади борци“ и запознавам пријатели со слични искуства. Денес, сепак сум горда на себе. Стигнав далеку. На сите би им порачала никогаш да не се откажуваат! Ценете го секој ден како да е последен. Јас од ова научив дека треба повеќе да сакам и почитувам. Бидејќи, дури кога е тешко сфаќаме дека трошиме време на глупости.“