Таткото ја даде ќерката на посвојување: 24 години подоцна дозна дека се колеги
Приказна за татко и ќерка, која ќе ве расплаче...
Вил Расел беше практично и самиот дете кога стана татко за првпат. Соочувајќи се со опасна зависност од алкохол, Вил не можеше да му обезбеди на бебето Ејми дом и грижа, па затоа тој ја даде на посвојување веднаш откако таа се роди.
Годините поминуваа, а Вил почна да волонтира во Мисијата за спасување Феникс, организација која обезбедува „решенија засновани на Христос, и живот за луѓето кои се соочуваат со глад и бездомништво“. Подоцна го унапредија на полно работно место во министерство.
До јули 2013-та година, Ејми напорно истражуваше за да го пронајде своето биолошко семејство. Социјалните медиуми ја поврзаа со еден од нејзините девет браќа и сестри и на крајот, го доби телефонскиот број на Вил.
Беше нервозна и загрижена дали да му се јави на нејзиниот татко, но собра сили и го стори тоа.
После 24 години без никаков контакт, Вил го прифати повикот со целосно отворено срце и ѝ рече декасѐќе биде во ред.
Таткото и ќерката се сретнаа на појадок следното утро. Тој ѝ раскажа на Ејми за неговата борба со алкохолот и за тоа како неговиот живот бил многу лош во 20-тите години. Тој раскажал дека последната голтка алкохол ја испил во 2004-та година, а потоа сретнал свештеник кој му помогнал да ја надмине зависноста.
После долгиот и значаен разговор, Вил и Ејми сфатиле дека заедно волонтирале со месеци во „Мисијата за спасување Феникс“. Останале без зборови и во солзи.